Дома Фудбал Репрезентации Видео: Промашувањето на Игуаин поради кое беше понижен од своите навивачи

Видео: Промашувањето на Игуаин поради кое беше понижен од своите навивачи

higuain

Селекцијата на Аргентина вчера во Мадрид беше разбиена од Шпанија со резултат 6:1.

„Гаучосите“ доживеаа вистински дебакл. Селекторот Жорге Сампаоли е на удар на жестоки критики од јавноста, но и фудбалерите кои одиграа навистина очајно.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Посебно навивачите на Аргентина се разочарани од напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин. Разочарањето беше толку големо што напаѓачот беше испратен со свирежи при замената, а искусниот фудбалер на сето тоа успеа да остане мирен.

Игуаин неколку месеци не добиваше повик од Сампаоли. Претходно не беше повикуван и предност имаше напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, но сега улогите се променети.

Свирежите кои ги доби од сопствените навивачи секако се понижување за Игуаин кој за сега е прв избор на „Гаучосите“. Сепак, прашање е дали така ќе биде и на Светското првенство.

Аргентина на Мундијалот ќе игра во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.

Во продолжение погледнете едно од промашувањата на Игуаин во вчерашниот натпревар против Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…