Дома Македонски спорт Голема победа на У19 за крај на квалификациите – совладана е големата Англија!

Голема победа на У19 за крај на квалификациите – совладана е големата Англија!

Репрезентацијата на Македонија до 19 години денес со победа против силната Англија се прости од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонија во претходните два натпревари запиша порази од селекциите на Унгарија и Латвија, па во натпреварот против Англија влезе без резултатски императив, но и покрај тоа стигнаа до победа од 2:0.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Македонија до водство стигна со голот на Јани Атанасов кој со супер атрактивен погодок со ножички успеа да погоди за предност. Резултатот не се менуваше се до последните минути кога победата беше потврдена со погодокот на Митровски.

Пред голот на Митровски, Англија создаваше притисок, но надежите на „Гордиот Албион“ не ги искористи своите шанси.

И покрај оваа победа Македонија квалфикациите ги завршува на последната позиција во групата со ист број на бодови со Унгарија, додека Англија како првопласирана обезбеди пласман на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…