Дома Фудбал Англија „Енфилд“ ќе биде вториот најголем стадион во Англија

„Енфилд“ ќе биде вториот најголем стадион во Англија

Ливерпул до септември следната година на градските власти би требало да им ја предаде документацијата за проширување на „Енфилд“ кој во моментов има капацитет од 54.074 гледачи.

Ливерпул пред неколку години ја прошири главната трибина за дополнителни 6000 места што му донесе заработка од 12 милиони фунти по натпревар. Во новата реконструкција ќе се надгради требината „Anfield Road End“, а се реализираат плановите и за проширување на уште една трибина, па стадионот ќе може да прими уште дополнителни 8000 гледачи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со тоа, капацитетот би скокнал на нешто повеќе од 62,000 гледачи, па би го прескокнал „Вајт Харт Лејн“ и би го завзел второто место на табелата на најголемите англиски клупски стадиони зад „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флорентино Перез не планира да се раздели со Винисиус Жуниор

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, нема намера да го продаде крилниот напаѓач…