Дома Фудбал Италија Скандалозни податоци: Интер нема ПРАВО да настапува во Серија А!

Скандалозни податоци: Интер нема ПРАВО да настапува во Серија А!

Водечките италијански медиуми кои се занимаваат со финансиите, објавија денес информација во која се наведува дека Интер не би требало да има право да настапува во Серија А.

Нема врска со финансискиот феј плеј, Серија А нема проблем со тоа, но и натаму секој клуб треба да исполнува одредени обврски, пред да почне ова натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес во анализата на состојбата во милански Интер, Џани Дракони, финансискиот експерт и човекот кој е еден од уредниците во „Соле 24“, медиумите кои се занимаваат со ваквата проблематика велат дека не знаат како Интер успеал да влезе во Серија А.

Тој истакна дека балансот на Интер е речиси 30 милиони евра послаб од изминатата година и дека сега тотално е негативен и изнесува 84 милиони евра.

Капиталот кој сопствениците го внесоа во клубот не е доволен да се подмират долговите.

Моменталното сопствеништво е такво што, Сунинг групацијата има 68.55%, Ерик Тохир има 31.05%, а останатите 0.4%.

Во суштина, сопствениците на Интер ќе мораат добро да се потрудат за да ја вратат финансиската рамнотежа во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…