Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Јуве меѓу најдобрите во Европа, но ние покажавме дека можеме против најголемите!

Покетино: Јуве меѓу најдобрите во Европа, но ние покажавме дека можеме против најголемите!

Утре започнуваат осминафиналните дуели во ЛШ, а на програмата ќе биде големото дерби помеѓу Јувентус и Тотенхем.

Тренерот на „спарси“ изјави дека Јувентус е еден од најсилните тимови во Европа, па иако му ја препушти фаворитската улога, сепак заклучи дека неговиот тим може да се носи со најдобрите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ќе играме против еден од надобрите тимови во Европа. Тим кој има одлични фудбалери кои многу добро знаат како е да се натпреваруваш во ЛШ. Меѓутоа, ние веќе покажавме дека можеме да играме против најдобрите во Европа“, изјави Покетино.

„Ние немаме многу големо искуство, но веруваме дека можеме да одговориме на предизвикот. Ќе биде одлучно ако успееме да победиме во Торино. Во последните натпревари против Јунајтед и Арсенал покажавме карактер и сакаме да докажеме дека и ние сме меѓу најдобрите во Европа“, заклучи аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…