Раководството на Арсенал покажува силен интерес за играчот за врска на брзилски Коринтијанс, Маикон, пренсуваат англиските медиуми.
Менаџерот на „топчиите“ е во потрага по играч од средниот ред кој би требало да претставува резервна опција за Вилшер и Џака, а изборот паднал токму на талентираниот бразилски фудбалер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Скаути на Арсенал веќе неколку пати биле во Бразил за да ги следат настапите на Маикон и биле воодушевени од неговите перформанси.
Коринтијанс за неговата слобода бара 9 милиони фунти, сума која „топџиите“ нема да имаат проблем да ја платат. Поради тоа англиските медиуми се оптимисти дека трансферот ќе се реализира до крајот на зимскиот преоден рок.
Arsenal are interested in 20-year-old Brazilian midfielder Maycon, who is valued by his club Corinthians at around £9m. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/EoJPimwwRx
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 25, 2018