Дома Топ вести Tрансфери во живо: Откриен договорот на Санчез, Барселона го „блиндира“ Умтити, Баерн мисли на иднината…

Tрансфери во живо: Откриен договорот на Санчез, Барселона го „блиндира“ Умтити, Баерн мисли на иднината…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– Шпанска „Марка“ денес пренесува посебно интересна вест поврзана со Реал Мадрид. Имено, според „Марка“ Перез е спремен да потроши огромна сума за да создаде три „NHL“, односно да ги доведе Нејмар, Азар и Левандовски. (ОВДЕ)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


– Како што пренесуваат медиумите во Мадрид, Кристиано Роналдо открил кој е неговиот проблем во Реал (ОВДЕ)

– Според германските медиуми Борусија Дортмунд како замена за Обамејанг кој е на чекор од Арсенал би можела да го доведе фудбалерот на Челзи, Мичу Батшуаи (ОВДЕ)

– Oткако станува јасно дека Алексис Санчез ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед и дека Гвардиола ја изгуби битката, медиумите најавуваа за напад на Шпанецот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. (ОВДЕ)

– Интересно: Англичаните успеаа да пронајдат изјава на Хенрик Михтаријан од 2009 година во која Ерменецот јасно истакнува дека Арсенал е неговиот омилен клуб.

– Како што пренесува „Скај Спорт“, тимот на Свонси го контактирал Атлетико Мадрид во врска со иднината на Кевин Гамеиро и Николас Гаитан.

– Откако тимот на Челзи покажа интерес за Енди Керол се појавија информации дека Вест Хем е спремен да разговара за трансфер, но само за понуда од над 20 милиони фунти.

– Кога во прашање е трансферот на Обамејанг во Арсенал изгледа дека во овој момент се чека само дозвола од Борусија Дортмунд.

– Во текот на денот се очекува и официјализирање на трансферот на Тео Волкот во редовите на Евертон.

– Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, па се позасилени се шпекулациите дека на лето ќе има радикални промени на „Сантиаго Бернабеу“. Последната информација која ја пласираа шпанските медиуми е дека Маурисио Покетини и Хари Кејн од Тотенхем во „пакет“ ќе се преселат во Мадрид за да ги заменат Зинедин Зидан и Карим Бензема.

– Според последните информации, доколку Михтаријан одбие да се пресели во редовите на Арсенал, Јунајтед за Санчез ќе плати сума од 35 милиони фунти.

– Фудбалерот на Атлетик  Билбао, Инаки Вилијамс стави потпис на нов договор со својот клуб и сега истиот ќе има важност до 2025 година.

– Како што дознава „Мундо Депортиво, Барселона е спремна да му понуди нов договор на дефанзивецот, Самуел Умтити со откупна клазула од 101 милоион евра. (ОВДЕ)

– Иако неодамна се пишуваше дека Емре Џан се договорил со тимот на Јувентус, сега Германецот истакнува дека не постои никаков договор и дека се уште има можност да остане на „Енфилд“. (ОВДЕ)

– Јувентус во наредниот период би можел да се засили со двајца Шпанци и тоа, Хектор Белерин од Арсенал и голманот на Еспањол, Пау Лопез. (ОВДЕ)

– Англискиот новинар, Адам Јозеф тврди дека размената на релација, Манчестер Јунајтед – Арсенал (Санчез – Михатријан) ќе се реализира најдоцна до петок со цел фудбалерите да биде во составите на своите нови клубови за викендот. (ОВДЕ)

– Николас Отаменди потпиша нов договор со Манчестер Сити кој ќе има важност до 2022 година.

– Официјално: Баерн Минхен го доведе 16 годишниот фудбалер на Вердер, Луис Познански

– НАЈНОВО: Алексис Санчез се договорил со Манчестер Јунајтед за договор на четири ипол години во вредност од 14 милиони фунти (ОВДЕ)

– Според информациите на „Мирор“, Пјер Емерик Обамејанг заедно со својот татко кој е и негов агент отпатувал во Лондон со цел да го реализира трансферот во редовите на Арсенал.

– OФИЦИЈАЛНО: Тео Волкот е нов фудбалер на Евертон

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…