Она што Жерар Пике го кажа пред неколку дена сега Барса сака и да го спроведе на дело.
Можеби не е најдобрата зделка на Барселона во последните неколку години, но Самуел Умтити покажа дека во блиска иднина може да стане еден од најважните, ако не е најважен дел од одбраната Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Да потсетиме и дека Жерар Пике неодамна ја советуваше управата на клубот да потпише нов договор со фудбалерот пред тој да замине. ТУКА
Токму поради тоа во Барселона се спремни да му понудат продолжување на договорот со значително подобри услови.
Умтити во овој момент има договор со Барселона кој истекува во 2021 година и неговата откупна клазула изнесува 60 милиони евра, додека со новиот договор истата би се зголемила на 101 милион евра.
Според „Мундо Депортиво“, Умтити за новиот договор со Барселона има намера да преговара на крајот од сезоната.