Италијанскиот шампион Јувентус на лето би можел да го засили тимот со двајца шпански фудбалери, пренесуваат медиумите на Апенините.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот пик на „старата дама“ за следната сезона е десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин. „Бјанконерите“ се сериозно заинтересирани за неговите услуги и спремни се да испратат богата понуда до Арсенал.
Проблем би можел да преставува договорот на Белерин. Шпанецот е „врзан“ со Арсенал до 2023 година, а „топџиите“ не сакаат да се разелат од него.
Во Торино следното лето би можел да се пресели и голманот на Еспањол, Пау Лопез. Буфон заминува во пензија, а на Јувентус му е потребен уште еден голман покрај Шчешни.
23-годишниот голман е сериозна опција и скаутите на Јувентус веќе подолго време ги следат неговите настапи.