Дома Топ вести Крај на сагата: „Телеграф“ открива колкав договор ќе потпише Санчез

Крај на сагата: „Телеграф“ открива колкав договор ќе потпише Санчез

Како што пренесува „Дејли Телеграф“, се става крај на сагата со Алексис Санчез.

Според реномираниот англиски медиуми, Санчез се согласил на договор од 4 ипол години кој ќе вреди 14 милиони фунти.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во овие моменти се чека потврдниот одговор на Михтаријан да се пресели на „Емирати“.  Покрај, ова „Телеграф“ наведува и декаСанчез се надева дека  Михтаријан во најбрз можен рок ќе прифати да се пресели во Арсенал, за тој да му се приклучи на Јунајтед.

Како поткрепа на оваа информација е и информацијата која пристигна од новинарот Адам Јозеф кој тврди дека размената Санчез – Михтаријан ќе се реализира најдоцна до петок.

Оваа вест англиските медиуми ја лансираа само неколку моменти после веста дека непознат шпански клуб се вклучил во трката за Санчез, но веројатно се работи за медиумска шпекулација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…