Дома Фудбал Англија Џан јасен: Ништо не сум потпишал – Германецот и Ливерпул повторно на преговарачка маса

Џан јасен: Ништо не сум потпишал – Германецот и Ливерпул повторно на преговарачка маса

emre

Иако неодамна беше најавуван дека Емре Џан се договорил со Јувентус, изгледа дека сепак не е така.

За навивачите на Ливерпул повторно има надеж, дефанзивниот играч за врска Емре Џан на кого актуелниот договор му истекува наредното лето, ќе седне повторно на преговарачка маса и ќе преговара со „црвените“ за нов договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Позицијата на клубот од „Енфилд“ воопшто не е лесна бидејќи фудбалерот влезе во последните месеци од договорот и има право да преговара со заинтересираните клубови.

Во претходните преговори проблемот помеѓу Џан и Ливерпул беше поставувањето на откупна клазула, на кој Германецот инсистираше.

„Мојот агент се грижи за се. Не сум потпишал ништо за никого. Јас зборувам со сите, секако и со Ливерпул. Зошто да не го продолжиме договорот? Ова е неверојатен клуб, како што кажав останатото е работа на мојот агент. Јас сум сконцентриран само на моите настапи“, изјави Џан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мајнц го шокираше Баерн

Мајнц со два гола на Корецот Ли Јае-Сунг, го изненади Баерн Минхен со 2-1 во дуел од герма…