Во денешниот натпревар од 23 коло во Премиер лигата, екипата на Арсенал после двете нерешени средби против ВБА и Челзи, запиша изненадувачки пораз во натпреварот против Бурнемоут.
Бурнемоут кој се наоѓа во долниот дел на табелата го совлада Арсенал со 2:1. Сите три погодоци на средбата беа постигнати во вториот дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал прв дојде до предност и тоа преку Белерин во 52 минута од натпреварот, Шпанецот шутираше, Беговиќ ја удри топката но не беше доволно да спречи погодок. Изедначување донесе Калум Вилсон во 70 минута, а само четири минути подоцна Џордан Ајб погоди за целосен пресврт.
Овој погодок на Ајб на крајот се покажа и одлучувачки, па домаќинот ги однесе трите бода од оваа средба. Треба да се истакне дека ова е прва победа во историјата на Бурнемоут против Арсенал.