Александра Лакрабер ја игра последната сезона во дресот на македонскиот шампион, ЖРК Вардар. Десниот бек на „црвено-црните“ во следните две години ќе го носи дресот на францускиот тим Флери.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Трансферот на Лакрабер го потврди тренерот на Флери, Кристог Пасан, кој ја најави како големо засилување. Нејзиното меѓународно искуство ќе биде од голема помош на тимот за остварување на високо поставените цели.Со заминувањето на Лакрабер,вардарки остануваат само со Барбара Лазовиќ на десната позиција.