Манчестер Сити доминира во Англија, но Пеп Гвардиола не сака ништо да препушти на случајноста и сака веќе во јануари да го засили тиимот.
Изгледа зимскиот преоден рок во Англија ќе биде поинтересен од било кога. Гигантите се спремни за шопинг, а еден од нив е и тимот од „Итихад“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека голема желба на Пеп е Алексис Санчез од Арсенал и договорот наскоро би можел да биде постигнат, но Шпанецот има и резервен план.
Имено резервна опција за Гвардиола е Вилфред Заха кој настапува за Кристал Палас и кој претходно беше на мета на Тотенхем. Англиските медиуми тврдат дека во трката за овој фудбалер е и Челзи, но и Арсенал.
Сепак, наводно „грѓаните“ веќе спремиле понуда од 40 милиони фунти што би требало да биде доволно за Заха да го облече дресот на Сити.
Да потсетиме, Заха го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не се прослави.