
Уште еден трансфер со деветоцифрен износ.
Ајуб Буади е новото засилување за Манчестер Сити, младиот Мароканец кој заблеска играјќи за Лил, а потоа и на Светското првенство во Северна Америка, сега е дел од “Етихад” благодарение на упорноста на “граѓаните”.
Овој фудбалер има само 18 години и потпиша договор кој ќе трае до 2031 година.
Тој претставува второ големо засилување за Манчестер Сити откако во клубот дојде Елиот Андерсон од Нотингем.
Буади, на тој начин, стана најскапиот тинејџер во историјата на Премиер лигата.
Досега, во Манчестер Сити пристигнаа Детурбе, Монга, Шарлс, Рулји и Елиот Андерсон, а со овој трансфер “граѓаните” потрошија вкупно 278 милиони евра.