
Белгискиот дефанзивец Зено Дебаст најверојатно нема да игра во четвртфиналето на Светското првенство против Шпанија в петок, поради спор помеѓу неговиот клуб, Спортинг, и Белгиската Фудбалска Федерација околу неговата физичка подготвеност. Белгиската федерација најави дека Спортинг го прогласил Дебаст за неспремен за настап во Лос Анџелес. Федерацијата смета дека проценката на португалскиот клуб се разликува од мислењето на нивната медицинска служба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лице близу до Спортинг тврди дека клубот секојдневно e во контакт со белгиската федерација во врска со состојбата на Дебаст. Според истиот извор кој Њујорк Тајмс не го именува, пред натпреварот во Лос Анџелес е закажана средба за финална проценка на неговата физичка подготвеност.
Дебаст го пропушти почетокот на турнирот поради повреда на ногата која ја донесе од клубот, а кон тренинзите со екипата се приклучи дури кон крајот на јуни, откако Белгија го обезбеди пласманот од групата. На првенството досега не одиграл ниедна минута и моментно тренира одвоено од соиграчите.
Во официјалното соопштение објавено во четвртокот, Белгиската Фудбалска Федерација наведе: “Зено Дебаст нема да биде достапен за четвртфиналето. Неговиот клуб, Спортинг, го извести играчот дека не го сметаат медицински подготвен за натпревари. Оваа проценка се разликува од проценката на медицинскиот персонал на Црвените Ѓаволи, како и на медицинските и осигурителните тела на ФИФА. Зено моментно тренира индивидуално под надзор на Одделот за физичка подготовка.”
Дебаст досега има запишано 26 настапи за репрезентацијата на Белгија и беше дел од тимот на Светското првенство 2022 година во Катар.