Дома Фудбал Реал нема намера да запре, може да плати 70 милиони евра за фудбалер кој блеска на Мундијалот

Реал нема намера да запре, може да плати 70 милиони евра за фудбалер кој блеска на Мундијалот

Реал Мадрид гради извонредна екипа. „Кралевите“ се активни на трансфер пазарот, а во блиска иднина, во дресот на еден од најголемите клубови во светот би можел да се најде и талентираниот Мароканец Ајуб Буади. Вредноста на трансферот се проценува на 70 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ајуб Буади е на чекор да стане дел од Реал Мадрид. „Кралевите“ покажуваат сериозен интерес за 18-годишното момче, и за таа цел отпатуваа дури до САД да го гледаат на натпреварот помеѓу Мароко и Бразил.

Она што го видоа засега ги остави задоволни. Буади е во фокусот на управата на клубот, a Лил добро знае каков играч поседува и подготвени се да го максимизираат неговиот потенцијал.

Од Лил истакнуваат дека цената за младиот Мароканец е 70 милиони евра и под таа сума не размислуваат да го продадат.

Буади зад себе има одлична сезона во дресот на Лил. Неговите изведби не останаа незабележани, така што се очекува голем трансфер.

И покрај сето тоа, потребно е да се напомене дека Реал не е единствената екипа која го посакува овој талентиран играч. Многу други врвни клубови го следат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на приказната: Погба замина од Монако!

Иако имаше договор до јуни 2027 година, одлучено е по спогодба да се раскине договорот пом…