
Плановите на Арсенал за ангажман на големо летно засилување наидуваат на голема пречка. Јулијан Алварез, напаѓачот кој Топчиите го поставија како главен приоритет, категорично одлучи да го одбие трансферот во Лондон. Иако тимот на Микел Артета беше во идеална позиција за негово доведување, аргентинскиот репрезентативец не гледа иднина во англискиот главен град, пишува Goal.com.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според извештајот на Педро Фулљана Арсенал е единствениот клуб кој е подготвен да му понуди конкретен договор на 26-годишниот напаѓач од Атлетико. Но, трансферот пропаѓа поради јасната негова неподготвеност да се пресели на Емирејтс. Во услови кога Барселона се откажа од преговорите поради финансиски пречки, Алварез е задоволен да остане под водство на Диего Симеоне во Шпанија и не планира да го форсира трансферот.
Фулљана објасни дека целата операција е “целосно запрена”. Иако Арсенал е единствениот тим што нуди реална можност, одбивањето на играчот да размисли за преселба во Англија сериозно го отежнуват секој летен договор.
Во Атлетико се смирени и покрај медиумските гласини и активно го градат тимот за следната сезона околу овој разноврсен напаѓач, кој минатата сезона постигна 20 гола. Шпанскиот клуб се фокусира на зајакнување на одбраната и средината на теренот. Внимание е насочено кон дефанзивецот на Челси Марк Кукурела и се следи ситуацијата со Бернардо Силва. Амбициозните планови на клубот зависат од задржувањето на клучните играчи како Алварез, чија иднина е заштитена со договор до јуни 2030 година.