Дома Останати (Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без ракавици), откако со убедлива изведба го совлада Џони Тељо и стигна до својата осма победа во кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Славески беше подобар ривал во текот на целиот меч, кој траеше пет рунди. Во неколку наврати успеа да го испрати канадскиот противник на подот, но Тељо покажа издржливост и успеа да остане во борбата до самиот крај.

По завршувањето на дуелот, судиските картони едногласно беа на страната на македонскиот борец, кој заслужено го впиша новиот триумф на своето конто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…