Дома Фудбал Седлоски за ремито со БиХ: Момците заслужуваат пофалби

Седлоски за ремито со БиХ: Момците заслужуваат пофалби

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Босна и Херцеговина во пријателски натпревар, а селекторот Гоце Седлоски по средбата истакна дека е задоволен од прикажаното на теренот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според него, нерешениот резултат е најреален епилог на дуелот, особено ако се земе предвид дека станува збор за подмладен состав кој допрва треба да го покаже својот целосен потенцијал.

„Во првото полувреме имавме неколку добри можности и покажавме иницијатива во играта. Не успеавме да реализираме две ситуации кои можеа да го насочат натпреварот во поинаква насока. Сепак, станува збор за нов тим во кој играчите покажаа голема желба, дисциплина и меѓусебна поддршка“, изјави Седлоски.

Тој нагласи дека Македонија се соочила со силен противник кој ќе настапи на Светското првенство, па затоа смета дека бодовната поделба е сосема заслужена.

Селекторот упати пофалби до дебитантите, но и до останатите репрезентативци, најавувајќи дека сите ќе добијат можност да се докажат во претстојните контролни натпревари.

„Момците заслужуваат пофалби за залагањето и борбеноста. Игравме како еден тим, а тоа е најважно. Овие натпревари се дел од подготовките за Лигата на нациите и верувам дека со враќањето на повредените фудбалери ќе добиеме уште поквалитетна и поконкурентна репрезентација“, додаде Седлоски.

Тој се осврна и на враќањето на Езгјан Алиоски, посочувајќи дека искусниот репрезентативец постепено ја враќа формата по повредата и дека неговото присуство ќе биде значајно за националниот тим.

Следниот тест за македонската репрезентација е закажан за 1 јуни, кога избраниците на Седлоски ќе ги одмерат силите со Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико го објасни сарказмот кон Барселона: Многу сме лути, ситуацијата е сериозна…

По саркастичните објави поврзани со наводната трансакција на Хулијан Алварез во Барселона,…