
Со заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, заврши една од најуспешните ери во историјата на англискиот фудбал, но промените на Етихад не запреа само со заминувањето на легендарниот тренер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вистински потрес го погоди и стручниот штаб на Граѓаните. Заедно со Гвардиола, клубот го напуштија дури пет важни членови на неговиот долгогодишен тим, што значи дека сите останаа без ангажман по завршувањето на сезоната.
Меѓу нив е и Коло Туре, поранешен дефанзивец на Арсенал и Манчестер Сити, кој минатото лето официјално се приклучи на првиот тим како дел од стручниот штаб.
Неговото заминување особено одекна меѓу навивачите поради статусот кој го има меѓу поддржувачите на двата клуба.
Клубот го напуштија и тренерот за голмани Хабиер Манчисидор, кондициониот тренер Лоренцо Буенавентура и Мануел Естијарте, човек кој многумина го сметаат за еден од најблиските соработници на Гвардиола.
Естијарте со години беше задолжен за поддршка на играчите и важеше за една од најважните фигури зад сцената на системот на Гвардиола.