Дома Фудбал Мереска добива шампионски тим – подготвени се две фантастични засилувања!

Мереска добива шампионски тим – подготвени се две фантастични засилувања!

Енцо Мереска ќе биде назначен како нов менаџер на Манчестер Сити во текот на следната недела и веќе се шпекулира за засилувања на “Етихад”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според последните информации, тој сака да ја искористи својата силна врска со Енцо Фернандез и да го донесе како замена за Бернардо Силва. Енцо веќе недели наназад е на списокот на играчи кои би можеле да го напуштат Челси во случај на вистинска понуда, а Сити е принуден да го отвори паричникот за да се засили.

Проблем за Сити може да биде Реал Мадрид, бидејќи и Жозе Мурињо би го доведе Енцо за обновување на средниот ред. Сепак, опција за Реал е и – Родри, и ако Шпанецот оди во Мадрид, тогаш него на „Етихад” ќе го замени – Елиот Андерсон.

Извонредниот играч за среден ред на Нотингем Форест, за кого се проценува дека ќе го собори британскиот рекорд во Премиер лигата, се наоѓа на мета на многу клубови, но наводно веќе дал зелено светло за трансфер во Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…