
Манчестер Сити го претстави својот нов дрес за домашни натпревари во сезоната 2026/27. Овој дрес е дизајниран со прелив на нијанси од небесно сина боја, каде што рамената се претставени со потемна нијанса, а се намалува до посветла нијанса кон долниот дел, додека целокупниот изглед е надополнет со металик монокроматски грб и детали од спонзорите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според клубот, кампањата “Not Your Typical City” е израз на менталитетот што го карактеризираше периодот на доминација на овој клуб. Без разлика колку се веќе постигнато, амбицијата на Манчестер Сити останува непроменета, секогаш има уште еден гол, уште еден рекорд што треба да се собори и уште едно ниво што треба да се достигне. Ова е илустрирано преку овој промотивен видео:
Дресот е изработен од исклучително лесен материјал, ткаен прецизно за да овозможи удобно движење и игра. Напредните технологии овозможуваат контрола на телесната температура и управување со потењето на играчите. Цената на дресот е 155 евра.
Целосен градиент од небо-сина боја. Завршен со монокроматски грб.
— Manchester City (@ManCity) 20 мај 2026
Домашниот дрес на @pumafootball x @mancity за сезоната 2026/27 не е типичен дрес.
Купете веќе сега 🔗 https://t.co/AXbaNioVwx pic.twitter.com/Sbau5RhCZ5