
АРСЕНАЛ е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостувањето кај Борнмут и остана со 78 поени, четири помалку од Арсенал пред последното коло од Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Екипата на Пеп Гвардиола беше во потрага по победа за да остане во игра за титулата, но Арсенал по 22 години повторно го освои трофејот на Премиер лигата. За домаќините погоди Ели Јуниор Крупи, додека во петтата минута од судиското продолжение за израмнување и драма во финишот погоди Ерлинг Халанд.
Гвардиола го признава поразот
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, спортски го призна поразот од Арсенал и им честиташе на противниците за заслужената победа. Во изјавата по натпреварот ги истакна заморот на неговите играчи поради густото распоредување, но и ги пофали за борбата до самиот крај. “Беше тежок натпревар, знаевме што нè чека. Тие имаа време за подготовка и ја зачуваа енергијата, додека ние игравме секој трет ден и се потрошивме многу”, започна Гвардиола.
“Првото полувреме беше добро, создадовме неколку шанси, но голот го постигнавме предоцна. Така се случи, тоа е што е. Немавме свежина во нозете. Се обидовме да ја воспоставиме контролата, но тие се навистина, навистина добри”, продолжи со анализата.
“Моите играчи даваа сè од себе целата сезона, се бореа до самиот крај и бевме блиску. Честитки до Арсенал, до Микел, до сите нивни играчи и навивачи, заслужија победа. Сигурен сум дека ова за него е посебно чувство и големо задоволство. Вложено е многу труд и работа, и на тоа им честитам”, рече менаџерот на Сити.