Дома Фудбал Познато е кој ќе го замени Пеп Гвардиола на клупата на Сити

Познато е кој ќе го замени Пеп Гвардиола на клупата на Сити

Бомбата од Манчестер одекна низ фудбалска Европа! Според ексклузивните информации на водечкиот светски инсајдер Фабрицио Романо, Енцо Мареска ќе биде новиот менаџер на Манчестер сити по најавениот заминување на Пеп Гвардиола.

Сите детали се усогласени, постигнале целосен усмен договор и прочуеното „Here we go“ одекна – Италијанецот се враќа на местото на успехот!

Мареска, кој отсекогаш се сметаше за „ученик“ и идеален кандидат кој би можел да ја продолжи Гвардиоловата филозофија, ќе потпише тригодишен договор со актуелниот шампион на Англија.

Управата на Сити одлучи дека токму Италијанецот е човекот кој најдобро го познава системот на Граѓаните, имајќи предвид дека претходно работеше во стручниот штаб со Пеп Гвардиола, пред да започне самостојна тренерска кариера која го доведе преку Лестер и Челси назад на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…