Дома Фудбал Гвардиола ја сака ѕвездата на Барселона, се знае кој играч го понудил во замена и тоа не случајно!

Гвардиола ја сака ѕвездата на Барселона, се знае кој играч го понудил во замена и тоа не случајно!

Летниот трансфер период сигурно ќе биде исклучително возбудлив, а веќе започнаа надметувањата на најдобрите европски клубови. Манчестер Сити има „фрлено око“ на младата ѕвезда на Барселона, и им понудија интересна размена на играчи на Каталонците.

Бидејќи ова лето се игра Светското првенство сигурно е дека не очекува исклучително возбудлив и „полн“ трансфер период, а одредени клубови веќе почнаа со акција.

Пеп Гвардиола веќе започна со акција затоа што сака во следната сезона да го врати Манчестер Сити на самиот врв бидејќи тоа веројатно ќе биде неговата последна сезона како тренер на клубот од „Етихад“.

Оваа сезона дефанзивата се покажа како најголем проблем за Манчестер Сити, и иако Гвардиола донесе многу засилувања на тие позиции, изгледа дека нема да се запре тука.

Се очекува Гвардиола да направи одредени промени во дефанзивата летово и на одредени стопери да им се заблагодари за соработката, и да донесе уште неколку засилувања.

Се појави информацијата дека најголемата желба на Гвардиола е да ја донесе младата ѕвезда на Барселона, Пау Кубарси, и на „Етихад“ работат полна пареа за да го доведат Шпанецот во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлварез ги шокирал сите во Атлетико – се поајвил со доказ дека страда од депресија!

Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез ова лето му создава сериозни проблеми на својот клу…