
Во исто време кога се појави снимка од разговорот помеѓу ВАР собата и главниот судија на натпреварот Вест Хем – Арсенал, Крис Кавана, пристигна и изјавата на Пеп Гвардиола.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На конференцијата пред натпреварот против Кристал Палас, Гвардиола изјави дека никогаш не им верувал на ВАР собата. Тој смета дека ВАР собата негативно влијаела врз судиите, кои откако знаеле дека имаат помош, станале полоши.
„Отсекогаш сум научен дека кога ќе го изгубите фокусот, наоѓате се во полоша ситуација. Сè што можеме да направиме е секогаш да бидеме подобри, да ги контролираме работите кои зависат од нас. Ние изгубивме две финалиња во ФА купот бидејќи судиите не ја завршија својата работа како што треба, дури и тие во ВАР собата. Кога ќе се случат такви работи, тогаш ние мораме да бидеме подобри, бидејќи судиите и ВАР не се. Тие се како кога фрлате паричка”, рече Пеп и продолжи:
„Искрено, никогаш не им верував, од првиот ден кога се појави ВАР. Едноставно, моето мото е дека ти лично секогаш мораш да се стремиш да бидеш подобар. Кога станува збор за судиите, тоа значи да бидат во подобра позиција, да ги контролираат повеќе своите одлуки, а не да се оправдуваат со ВАР. Поради тоа, на своите играчи, од Барселона, преку Баерн до Сити, им велам дека тие мора да бидат подобри, за да не зависат од институциите кои управуваат со натпреварувањето”, истакна Гвардиола.