
Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва наскоро би можел да го направи еден од најголемите потези во својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според најновите информации кои кружат низ европските фудбалски кругови, неговиот следен клуб би можел да биде славниот Реал Мадрид.
Клучна улога во потенцијалниот трансфер има познатиот агент Хорхе Мендеш, кој, според информациите, веќе ги понудил услугите на својот клиент на шпанскиот гигант.
Оваа вест доаѓа во мигот кога сè повеќе се зборува за иднината на играчот од средниот ред кој со години беше еден од најважните играчи на Манчестер Сити.
Силва има договор со актуелниот клуб кој истекува на крајот од сезоната, што дополнително ги отвора вратите за големиот трансфер.
Во случај на реализација на овој сценарио, португалскиот фудбалер би пристигнал во Мадрид како слободен играч, без надомест.