Дома Останати Ракомет „Ова е моментот кога тимот има потреба секој глас“ – Вардар ги отвори вратите за дербито со Охрид!

„Ова е моментот кога тимот има потреба секој глас“ – Вардар ги отвори вратите за дербито со Охрид!

Раководството на Вардар донесе одлука да ги отвори вратите за навивачите и да овозможи бесплатен влез за претстојното дерби против Охрид. Натпреварот е закажан за 2 април (четврток) со почеток од 18:30 часот во Спортски центар Јане Сандански, а од клубот очекуваат силна поддршка од трибините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од „црвено-црните“ апелираат до публиката да се мобилизира и да ја исполни салата, со цел тимот да добие дополнителен мотив во еден од клучните натпревари сезонава. Според нив, токму овој дуел може да има значајно влијание во борбата за шампионската титула.

„Ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини“, велат од Вардар.

Екипата од Скопје во моментов е сигурно прва на табелата во плејофот од Суперлигата со 46 бодови, што е четири повеќе од Пелистер, кој има и натпревар повеќе. Победа против охриѓани дополнително би ги доближила вардарци до освојување на шампионскиот трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер од прв шешир во Лига Европа, Охрид остана без вајлд-карта

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во групната фаза од Европска…