Дома Фудбал Нов тренер на Тотенхем? Де Зерби како можен избор

Нов тренер на Тотенхем? Де Зерби како можен избор

Роберто Де Зерби (46) е идентфикуван како можен тренер за Тотенхем Хотспур, кој има силни амбиции во Премиер лигата. Поранешниот стратег на Брајтон и Олимпик Марсеj, кој сега е без клуб, изрази интерес за работа во Лондон, под еден клучен услов: Тотенхем мора да се одржи во елитното фудбалско друштво за следната сезона.

Според информациите од “The Telegraph”, разговорите помеѓу Тотенхем и италијанскиот тренер веќе се одвиваат. Де Зерби го напушти Марсеj во февруари со заедничка согласност и сега е отворен за нови предизвици. Иако тимот се наоѓа во тешка борба за опстанок, по поразот од Нотингем Форест со 3:0, раководството активно планира за иднината.

И покрај тоа што се споменува како можен избор и за Манчестер Јунајтед или Ливерпул, Де Зерби е сериозно заинтересиран за предизвикот во Тотенхем, но само ако клубот го задржи статусот во Премиер лигата.

Според “The Times”, разгледувана е можноста Де Зерби веднаш да го наследи Игор Тудор, со клаузула во договорот која би му дозволила заминување на лето во случај на испаѓање. Но, Тотенхем сѐ уште не е убеден во таков потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири измени на списокот на светските шампиони

Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот на играчи з…