Дома Фудбал Олмо изнуди пенал за Барселона. Погледнете како реагираше Јамал потоа

Олмо изнуди пенал за Барселона. Погледнете како реагираше Јамал потоа

Барселона доживеа пораз од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24. коло на Ла Лига. Гостите поведоа во 59. минута со гол на Пау Кубарси, но Жирона веднаш израмни резултат на 1:1 со поготок на Томас Лемар. Победничкиот гол и целосен пресврт за Жирона го оствари Фран Белтран во 86. минута од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона имаше одлична можност да дојде до предност во првото полувреме кога Дани Олмо изнуди пенал откако беше прегазен, но Ламин Јамал беше тој што го изведе ударот. Најдобриот играч на гостинскиот тим ја погоди стативата, па до крајот на првото полувреме резултатот остана 0:0. Моментот можете да го погледнете ОВДЕ.

Ова беше голем пропуст за екипата на Ханси Флик, која ја пропушти можноста да се врати на врвот на Ла Лига. Сега заостанува два бода зад водечкиот Реал, кој овој викенд го презеде првото место со победа против Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил и Мароко се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство

Во последните натпревари од групата Ц на Светското првенство, Бразил убедливо ја совлада Ш…