Дома Фудбал Бернардо Силва е пред заминување од Сити, може да потпише за друг гигант!

Бернардо Силва е пред заминување од Сити, може да потпише за друг гигант!

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, наскоро би можел да го промени дресот, бидејќи на лето ќе стане слободен агент, а голема можност се отвора за негов трансфер во Јувентус.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио открива дека Јувентус веќе воспоставил иницијални контакти и има сериозна намера да го ангажира Силва, чиишто договор со Сити истекува на 30 јуни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Управата на Јувентус е убедена дека португалскиот фудбалер, кој годинава ќе наполни 32 години, сè уште може многу да понуди и дека како слободен играч е ретка можност на пазарот.

Бернардо Силва беше едно од клучните засилувања на Пеп Гвардиола, откако во 2017 година се пресели од Монако во Сити за 50.000.000 евра. Со својот квалитет се докажа како важен фактор во играта на Гвардиола, освојувајќи бројни титули, вклучувајќи шест пехари во Премиер лигата и Лигата на шампионите, воедно има одигра 435 натпревари со 73 голови и 75 асистенции.

Иако постојат понуди и од Саудиска Арабија, Силва верува дека сè уште може да се натпреварува во елитното европско фудбалско друштво, при што Јувентус е особено привлечна можност.

Се разбира, овие планови зависат од способноста на Јувентус да обезбеди учество во Лигата на шампионите, нешто што е од круцијално значење…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од трансферот: Енрике не ги пушта најдобрите фудбалери на ПСЖ

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз ги договорија сите услови околу продолжува…