Дома Фудбал ВИДЕО Ендрик го постигна првиот гол за Лион

ВИДЕО Ендрик го постигна првиот гол за Лион

Фудбалерите на Лион обезбедија место во осминафиналето на францускиот Куп. На гостувањето против Лил триумфираа со 2:1, а сите три гола паднаа во првото полувреме. Гостите поведоа уште во 45-та секунда со голот на Афонсо Мореира. Голманот на Лион, Реми Дескампс, испрати долга топка која стигна до работ на противничкиот казнен простор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голманот на домаќините, Арно Бодар, излезе од својот простор за да ја исфрли топката, но Мореира беше побрз и со леснотија го надмудри и постигна погодок за 1:0. Во петтата минута можеше да биде 2:0, но ударот на Ендрик заврши во рамката на голот.

Лил израмни во 28-та минута преку голот на Натана Фоја, но во судиското продолжение Ендрик, кој пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид, ја постигна победничката 2:1. Тоа беше неговото дебитантско појавување за Лион и веднаш се запиша во листата на стрелци. Погледнете го тука ОВДЕ.

Во второто полувреме голови не беа постигнати, а најголемата шанса за израмнување Лил ја имаше во 88-та минута кога Тијаго Сантос ја погоди гредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ги изненади фановите со изборот на судии за полуфиналето на Светското првенство

ФИФА ги именуваше судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство. Големата пре…