Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо жестокот ја критикуваше одлуката на селекторот на Англија, Герет Саутгејт да го форсира Фил Џонс.
Стоперот на Англија доживеа повреда во теот на репрезентативната пауза, што е голем удар за Манчестер Јунајтед.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во текот на 17 години колку што работам како менаџер, никогаш не сум слушнал некој да му даде шест инекции на играч за да го оспособи да игра еден пријателски меч. Никогаш не сум го видел тоа. Не велам дека сум ангел, јас исто така ги форсирав играчите да играат под инекции, но некои најважни дуели, а не пријателски. Да му дадеш некому шест инекции е надвор од целиот здрав разум, а токму тоа го доби Џонс во текот на денот, на загревањето не се чувствуваше добро, но и покрај тоа го стартуваше мечот. Не знам што би можел да додадам на тоа“, истакна Мурињо.
Многумина на Островот негативно го коментираат постојаното однесување на Мурињо и критиките на сметка на ФА ифактот да се меша во работата на селекторот кој ја подготвува репрезентација за Мундијалот во Русија.