Дома Топ вести Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот Картагена дури по продолженијата со конечни 2-1, а главен човек на мечот беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Домашниот тим прв се радуваше – Ортуно успеа да го матира Димитриевски, па Картагена замина на одмор со минимално водство од 1-0.

Тоа резултатско водство траеше до 80. минута, кога Белтран со прецизен удар донесе израмнување и ја врати Валенсија во игра.

Клучниот момент се случи во самиот финиш од продолженијата – во 121. минута Васкез стрелаше за 2-1, но претходно Димитриевски одлично го одбрани ударот од белата точка на Санчез и го сочува голот на својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Канада подготвена за предизвикот против САД, вели Марш

По победата над Перу, Џеси Марш верува дека Канада може да се носи со секој противник, вкл…