Дома Останати Кошарка (Видео) Неверојатни сцени во Белград: Навивачите на Партизан ги исвиркаа своите играчи и кренаа транспарентите за Обрадовиќ

(Видео) Неверојатни сцени во Белград: Навивачите на Партизан ги исвиркаа своите играчи и кренаа транспарентите за Обрадовиќ

Воведот во дуелот Партизан – Бајерн долго ќе се прераскажува, најмногу поради атмосферата каква што црно-белите навивачи ретко кога приредиле.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уште при претставувањето на тимовите, секој играч на Партизан, од првиот до последниот, беше испратен со свирежи од трибините.

Следуваше емотивен момент, на разгласот свиреше песната „Да ги сакам црно-белите“, додека околу теренот се редеа транспаренти посветени на Жељко Обрадовиќ, сега веќе поранешен тренер на клубот.

Од почетокот на натпреварот па сè до крајот на мечот, во салата не престана да одекнува скандирањето на неговото име, јасно покажувајќи колку навивачите стојат зад легендарниот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем чекор: Теодор Симиќ ќе игра во САД

ц Теодор Симиќ ја продолжува својата кариера во САД, откако одлучи да го напушти тимот на …