Дома Останати Ракомет Трагедија го погоди македонскиот ракомет: Почина Илија Темелковски

Трагедија го погоди македонскиот ракомет: Почина Илија Темелковски

Македонската ракометна и спортска јавност денес тагува по веста за смртта на Илија Темелковски, човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Со својата посветеност, љубов и професионалност, Темелковски остави длабока трага во развојот и унапредувањето на овој спорт во земјава.

Ракометната федерација на Македонија со жалење ја потврди веста и упати искрено и длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа. „Ракометната и спортската јавност денес изгубија вреден спортски работник“, стои во пораката на Федерацијата.

Погребот ќе се одржи утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел (капела).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…