Дома Фудбал Мбапе застана во одбрана на Јамал: Оставете го на раат, има само 18 години

Мбапе застана во одбрана на Јамал: Оставете го на раат, има само 18 години

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, застана во одбрана на тинејџерот Ламин Јамал, иако младиот играч настапува за најголемиот ривал – Барселона.

Последните денови Јамал е во фокусот на јавноста поради критики поврзани со неговиот приватен живот, а Мбапе испрати јасна порака дека ваквите теми не треба да бидат во преден план.

„Премногу се зборува за неговото приватно однесување. Станува збор за момче кое има само 18 години и нормално е да греши. Луѓето треба да му дадат простор и време да созрее“, изјави францускиот ас.

Тој додаде дека животното искуство ќе го научи Јамал што е добро, а што не за неговата кариера, но дека единствено важно е она што се гледа на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ќе доведе уште еден фудбалер, Аморим гледа кон „Енфилд“

Милан сака дополнително да се засили на крајот од трансферниот период и на тренерот Рубен …