Дома Останати Ракомет Ваков пенал досега не сте виделе, Србинка ја воодушеви цела Европа, а има само 16 години (Видео)

Ваков пенал досега не сте виделе, Србинка ја воодушеви цела Европа, а има само 16 години (Видео)

Ракометарките на Железничар од Инџија беа убедливо поразени во првиот меч од првото коло на ЕХФ купот на гостувањето кај екипата на Ериќе во Италија со резултат 46:25. Младите српски ракометарки потклекнаа пред посилниот противник. Сепак, една девојка од гостинскиот тим привлече големо внимание.

Марија Оташевиќ има само 16 години и игра ракомет на сериозно ниво, што го покажала на оваа средба. Нејзиниот седмерец веќе е широко познат и ќе се зборува за него во следниот период.

Таа во стилот на балерина одлучи да се сврти еден круг при изведувањето на пеналот, со што ја збуни противничката и на крај ја надмудри и постигна гол покрај неа. Одлично!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…