Дома Фудбал Хаос се случувал на теренот во Синѓелиќ, фудбалерите на Охрид добивале закани, а им било кажано: Играјте и ќутете!

Хаос се случувал на теренот во Синѓелиќ, фудбалерите на Охрид добивале закани, а им било кажано: Играјте и ќутете!

Фудбалскиот клуб Охрид преку официјално соопштение остро реагираше на условите и случувањата за време на саботниот дуел против Шкендија Арачиново, натпревар што заврши со победа од 2-1 за домашниот тим. Од охридскиот клуб велат дека не бараат алиби за поразот, но јавно укажаа на серија нерегуларности, закани и недолично однесување.

„Гостопримството на домаќинот траеше само до нашето водство во 5. минута, а потоа започна вистинско дивеење – од делови на управата, од обезбедувањето, од дел од публиката, па дури и од цивили чие присуство на теренот остана необјаснето“, се наведува во соопштението.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според Охрид, особено алармантен бил моментот по исклучувањето на Гоце Толески, кој бил вербално нападнат и насилно изведен надвор од стадионот, без можност да се врати во соблекувалната. Од клубот нагласуваат дека само неговата смиреност спречила поголем инцидент.

Критики беа упатени и кон делегатот на натпреварот, кој – како што велат од клубот – не реагирал на низа предупредувања, вклучително и на моментот кога капитенот на Охрид добил порака „Играјте и ќутете“, откако се пожалил дека на теренот нема топки.

Дополнително, охриѓани забележаа и користење пиротехника и фрлање предмети од трибините, што е строго забрането според правилата на ФФМ, но не било санкционирано.

„Организацијата беше под секое ниво и повеќе наликуваше на аматерски натпревар, отколку на меч од официјално првенство. Македонскиот фудбал треба да оди напред, а не назад неколку децении“, стои во реакцијата.

Клубот завршува со апел до институциите и Фудбалската федерација на Македонија да ги испитаат инцидентите и да не дозволат вакви појави да се повторуваат.

Дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Охрид се одигра на теренот на Фортуна во Синѓелиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете ја ситуацијата со Олмо која ја вознемири Барселона

Во Барселона владее бес кон францускиот судија Клеман Турпин, по елиминацијата од Атлетико…