Дома Фудбал Милан ја запиша првата победа во сезоната, Модриќ забележа прва асистенција

Милан ја запиша првата победа во сезоната, Модриќ забележа прва асистенција

Фудбалерите на Милан го подобрија впечатокот откако загубија од Кремонезе, запишувајќи победа во второто коло од Серија А, каде како гости го совладаа Лече со резултат 2:0.

“Црвено-црните” веќе во четвртата минута ја затресоа мрежата преку Матео Габиа, но судијата го поништи голот поради фаул во нападот. Милан доминираше до крајот на првото полувреме, но не успеа да постигне погодок, а голманот на домаќините, Владимир Фалконе, беше сигурен во клучните моменти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот дел, во 60-та минута, Милан успеа да погоди кога Сантијаго Гименез ја совлада одбраната на Фалконе, но поради офсајд, резултатот остана 0:0.

Клучниот момент се случи шест минути подоцна кога Лука Модриќ изведе слободен удар од десната страна. Неговиот прецизен центаршут стигна до Рубен Лофтус-Чик, кој со глава постигна гол за 1:0.

Милано ја потврди својата победа пред крајот на мечот – во 86. минута, Кристијан Пулишиќ постигна гол за конечните 2:0, обезбедувајќи ги првите три бода за тимот на Масимилијано Алегри во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо го испрати голманот напред кон голот на Реал. Десет секунди подоцна славеше како никогаш

БЕНФИКА со неверојатна победа од 4:2 на домашен терен против Реал, во последното коло од л…