Дома Фудбал Навивачите на Манчестер јунајтед бараат „чистка“ по епскиот срам: Овие тројца оставете ги пешки да си одат!

Навивачите на Манчестер јунајтед бараат „чистка“ по епскиот срам: Овие тројца оставете ги пешки да си одат!

Манчестер Јунајтед доживеа вистинска бламажа во второто коло од Карабао Купот. Легендарниот англиски клуб беше исфрлен од четвртолигашот Гримзби Таун после пенал серијата (12:11), откако регуларниот дел заврши со реми 2:2.

Тимот на Рубен Аморим влезе во дуелот како голем фаворит, но новата сезона им донесе еден од најлошите порази во историјата на ова натпреварување – првпат губат во Лига купот од екипа која се наоѓа во четвртата англиска лига.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Домаќините поведоа веќе во 22-та минута преку Чарлс Вернам, кој постигна гол по лошата реакција на Диого Далот во одбрана. Португалецот сè уште не се вклопува во системот на Аморим, а ова беше уште еден дел од неговите слаби настапи.

Уште полош беше Мануел Угарте, засилување од 50 милиони евра од ПСЖ. Уругваецот ја загуби топката во акцијата што го претходеше голот на Вернам и подоцна се жалеше за прекршок.

Шокот не чекаше долго– во 30-та минута, голманот Андре Онана излезе невнимателно, што му овозможи на Тајрел Ворeн да зголеми на 2:0. Камерунецот така забележа уште една вечер за заборав, иако критиките од навивачите еднакво ги опфатија и Далот и Угарте.

Јунајтед се врати во игра со голот на Брајан Мбемо во 75-та минута, а потоа во 89-та, Хари Мегваер со глава изедначи и избори пенали. Но, токму засилувањата на Аморим пресудија – Матеус Куња ја промаши својата шанса за напредок, а Мбемо удри статива. Онана го „фати“ неколку удари, но ниеден не успеа да застане, а Гримзби забележа голема сензација.

Навивачите на Јунајтед не ги поштедија своите миленици, а најмногу критики добија Онана, Далот и Угарте. Коментарите на социјалните мрежи беа остри:

‘Оставете ги Онана, Угарте и Далот во Гримзби, нека го изодат патот до дома.’

‘Далот не би играл ни за Гримзби, а камоли за Јунајтед.’

‘Угарте е срам за овој клуб. Не разбирам зошто постојано добива минути кога имаме подобри опции во академијата.’

Поразот дополнително ја усложнува ситуацијата за Рубен Аморим, кој ниту по три натпревари во сезоната нема победа. Јунајтед сега се насочува кон првенствениот натпревар со Барнли во сабота и останува да се види дали критикуваните тројца ќе добијат нова шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски наскоро потпишува, познати и детали од трансферот!

Македонскиот голгетер Бојан Миовски е многу блиску до преселба во редовите на шкотскиот ве…