Дома Фудбал Навивачите на четвртолигашот приредија лудо славје по елиминацијата на Јунајтед од купот

Навивачите на четвртолигашот приредија лудо славје по елиминацијата на Јунајтед од купот

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД беше сензационално отстранет од ЕФЛ купот од четвртолигашот Гримсби по пеналите (2:2, 12:11). Натпреварот заврши 2:2 по 90 минути игра, по што се премина на изведување пенали каде што фудбалерите на Јунајтед не успеаја да продолжат понатаму, дури по 13-та серија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мрежата за Гримсби ја затресоа Чарлс Вернам во 22-та и Тајрел Ворен во 30-тата минута од натпреварот. За Јунајтед стрелаа Брајан Мбеумо во 75-тата и Хари Мегваер во 89-тата минута.

Иако даде гол, Мбеумо стана трагичарот на натпреварот затоа што тој беше тој што промаши пенал во 13-тата серија. По неговиот неуспех настана хаос на теренот. Голем број домашни навивачи навлегоа на теренот и го прославуваа ова големо достигнување заедно со играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо со строги правила ги „замрзна“ играчите на Реал – За многумина ќе биде вистински шок!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одлучи да воведе строги правила на однесување м…