Дома Фудбал Црвена Звезда скапо ја плати елиминацијата од ЛШ – ќе загуби 15 милиони евра

Црвена Звезда скапо ја плати елиминацијата од ЛШ – ќе загуби 15 милиони евра

Отсуството од Лигата на шампионите носи сериозен финансиски удар за Црвена ѕвезда. Приходот од УЕФА бонуси ќе биде помал за околу 15 милиони евра, а можеби и повеќе.

Минатата сезона, Црвена ѕвезда заработи 32 милиони евра преку пласман и учество во Лигата на шампионите, а сега тешко ќе ја надмине половината од таа сума.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ќе зависи од учинокот низ осумте кола во Лигата на Европа и колку далеку ќе стигне во потенцијалната нокаут фаза, но сепак наградите се далеку помали.

За пласман во Лигата на Европа преку пораз во плеј-офот за Лигата на шампионите, Црвена ѕвезда очекува 8,6 милиони евра. На тоа ќе се додаде уште некој милион преку рангирање врз основа на петгодишниот и десетгодишниот учинок во УЕФА натпревари и маркетиншката позиција на Србија околу ТВ правата.

За подетална сметка ќе се почека списокот на сите 36 учесници во Лигата на Европа.

Победа во Лигата на Европа се плаќа речиси петпати помалку во однос на Лигата на шампионите (450.000 евра), а нерешен резултат носи 150.000. Во елитното натпреварување тоа изнесува 2.100 и 700.000.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбиена првата понуда на Челси: Барселона ја одреди цената за Фермин Лопез

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ја одбила понудата од 50 милио…