Дома Фудбал Српски медиуми: Играч на Црвена Ѕвезда претепан на трибините, Арнаутовиќ повикуваше на пресметка

Српски медиуми: Играч на Црвена Ѕвезда претепан на трибините, Арнаутовиќ повикуваше на пресметка

ЦРВЕНА ЅВЕЗДА испадна од Лигата на шампионите во плеј-офот. Српскиот првак беше елиминиран од кипарскиот Пафос. Откако победи 2:1 во Белград, на својот терен ја одбрани предноста (1:1) и се пласираше во главниот, лигашки дел од натпреварувањето. По неуспехот на реваншот, српските медиуми посветија голем простор на нередите на крајот од натпреварот и по неговото завршување.

Блиц под насловот “Скандал! Редар го удри играчот на Ѕвезда: Откриена позадината на хаосот на Кипар”, пишува: “По изедначувањето на домаќините, се ескалираше. Најпрво на трибините, а потоа се виде на телевизискиот пренос дека сите играчи тргнаа кон трибините. Сега е познат и причинителот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, еден припадник на редарската служба го удрил Стефан Лековиќ, фудбалерот на Црвена Ѕвезда кој се наоѓаше на трибините во друштво со тренерот на голманите Немања Супиќ и уште неколку претставници на црвено-белите. Баш во тој простор зад клупата на Ѕвезда, близу до членовите на српскиот клуб се најдоа и навивачите на Пафос, што очигледно се испостави како непромислена и голема грешка, каква што не му приличи на натпревари од овој ранг.”

“Хаос и тепачка на крајот на натпреварот: Сите трчаа кон тунелот”

Истиот извор со од местото на конфликтот пишува “Хаос и тепачка на крајот на натпреварот: Сите трчаа кон тунелот, избегнат скандал.” Теlegraf пишува “Кипрците претепале еден играч на Ѕвезда, а тогаш Арнаутовиќ се налути, поради ова настана хаос на крајот на натпреварот.

Пред соблекувалната го снимивме Марко Арнаутовиќ како некого повикува на пресметка. Се изнервирал кога во соблекувалната слушнал што се случило со неговиот соиграч Лековиќ. Поради тоа Арнаутовиќ побарал одговорен за тоа. Потоа играчите се тргнале од кадарот, а организаторите и обезбедувањето ги затвориле вратите за новинарите да не можат да видат што се случува.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На пет дена до крајот на преодниот рок: Елмас пред враќање во Наполи

Само пет дена пред затворањето на летниот преоден рок, македонскиот репрезентативец Елиф Е…