Дома Фудбал Александар Исак ја донесе конечната одлука по средбата со Управата!

Александар Исак ја донесе конечната одлука по средбата со Управата!

Фудбалерот сега јасно им кажа што сака на челниците на Њукасл кои разговараа со Исак во неговиот дом.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред вчерашниот натпревар меѓу Њукасл и Ливерпул, Ишак разговараше со челниците на Њукасл, а единствената тема беше неговата иднина на Сент Џејмс Парк.

Порано овој месец, Свраките добија формална понуда од 130 милиони евра од Ливерпул за напаѓачот кој сака да замине, но таа беше одбиена.

Потоа, Исак јавно изјави дека Њукасл ги прекршил ветувањата кои му беа дадени и дека не е задоволен со тоа.

“Ветувањата беа дадени и клубот одамна го знае мојот став. Да се однесуваат како овие проблеми да се појавиле сега е измамнички. Кога ветувањата се прекршат и довербата се изгуби, односот не може да продолжи”, изјави тогаш Исак.

Минатата недела, како одговор на изјавата на Ишак, од Њукасл јасно кажаа дека се “разочарани” од играчот и неговото однесување.

Како што стојат работите, Ишак, иако јасно на сите им кажа дека сака да потпише за Ливерпул, на крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо со строги правила ги „замрзна“ играчите на Реал – За многумина ќе биде вистински шок!

Новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одлучи да воведе строги правила на однесување м…