
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, соопштува “Дејли Мејл”. Тотенхем и Астон Вила се заинтересирани за 27-годишниот Бразилец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пакета беше обвинет за намерно добивање на жолти картони во најмалку четири натпревари, но потоа беше оправдан.
“Сакам да се вратам на фудбалот со насмевка”, изјави играчот од средниот ред, откако обвиненијата за нелегални облози беа повлечени.
Минатата сезона Пакета одигра 36 натпревари, на кои постигна 5 голови и доби 10 жолти картони.