Дома Фудбал Бонифејс веќе е минато, Милан има нова мета за нападот!

Бонифејс веќе е минато, Милан има нова мета за нападот!

Милан го подложи напаѓачот Виктор Бонифајс на дополнителни лекарски прегледи, по што фудбалерот на Баер се врати во Леверкузен.

Веројатно дека Нигериецот по интересот од Ал Наср нема да оствари трансфер и во Милан поради ситуацијата со коленото кое не е на посакуваното ниво по повредата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Италијанските медиуми во меѓувреме известуваат дека Милан пред два дена испратил официјална понуда до Спортинг од Лисабон вредна 27.000.000 евра, во која се вклучени и бонуси за 20-годишниот напаѓач Конрад Хардер.

Станува збор за напаѓач кој минатото лето пристигна во Спортинг од Нордсјеаланд за 19.000.000 евра, а заврши сезона со 13 гола и десет асистенции, и покрај ограничената минутажа, покривајќи го местото на Ѓокереш. Од него се очекува настап на уште повисоко ниво, без разлика дали ќе остане во “зелените”.

Клубови од Франција исто така го следат младиот дански фудбалер, но италијанскиот гигант најпрво достави официјална понуда. Сепак, се претпоставува дека освен потенцијалниот доаѓање на Хардер, уште еден напаѓач би пристигнал на “Сан Сиро”.

Секако, во прв план повторно се истакнува српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој е на излезно врата од Јувентус. Обештетувањето од околу 20.000.000 евра не би било пречка за Милан, но годишната плата на Србинот од 12.000.000 евра дефинитивно би била.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато со кој меч ќе се отвори Мундијал 2026

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јуж…