Дома Фудбал Еден од најдобрите напаѓачи во Серија А за 52 милиони евра пред потпис со Манчестер Јунајтед!

Еден од најдобрите напаѓачи во Серија А за 52 милиони евра пред потпис со Манчестер Јунајтед!

Најдобриот играч на Фиорентина, Мојс Кин (25), наскоро би можел да го напушти клубот, што би значело дека Един Џеко ќе стане главниот напаѓач на “Виолетовите” следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кин дојде во Фиорентина од Јувентус со трансфер од 13 милиони евра пред почетокот на минатата сезона, и во 44 натпревари во сите натпреварувања успеа да реализира 25 голови.

Неговата одлична игра не остана незабележана, и сега е близу до трансфер во Англија. Манчестер Јунајтед е подготвен да ја активира неговата откупна клаузула од 52 милиони евра, која важи само во првите 15 дена од јули.

Со заминувањето на Кин, Џеко практично ќе стане првиот напад во Фиорентина, бидејќи конкуренцијата ќе му биде Алберт Гудмундсон, кој минатата сезона беше на позајмица од Џенова и постигна само 8 голови.

Фиорентина има опција за откуп на неговиот договор, но дури и да го направат тоа, тешко е да се верува дека Гудмундсон би добил предност во нападот пред Џеко.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…