
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез изразил желба да ја продолжи својата кариера во редовите на Манчестер Јунајтед, објави британскиот таблоид The Sun. Според нивните информации, Мартинез би со задоволство ја напуштил Астон Вила, а негов сон е да застане меѓу стативите на легендарниот Олд Трафорд.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, веќе јавно истакна дека има намера да гради тим со „вистински лидери и капитени“, а Мартинез совршено се вклопува во таа визија. Со своето искуство, харизма и страст на теренот, тој е еден од клучните играчи во репрезентацијата на Аргентина и беше незаменлив дел од тимот кој ја освои Светската титула во Катар во 2022 година.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Иако Астон Вила досега не објави официјална позиција во однос на можен трансфер, се претпоставува дека клубот не би бил подготвен лесно да се откаже од својот прв голман. Сепак, интересот од Манчестер Јунајтед, како и желбата на самиот играч, би можеле да бидат клучни фактори во евентуалниот договор.
Фото: Принтскрин